Thursday, August 21, 2008

Што се случува?

ОК нов обид да обновам нешто.

Значи тоа што некогаш беше http://makedoniaclimb.blogspot.com/ сега би треба да биде ова овде што ќе го читате.

Поздрав

Мојот „Еверест“

Секој голем предизвик во животот почнав да го нарекувам „мојот Еверест“ ова мене лично ми значи дека се е остварливо, но со исклучително голема волја, посветеност и љубов. На овој начин го започнав мојот пат кон „мојот Еверест“, преку Солунска Глава, Титов Врв, Меденица....дури и нашето да речеме мало Водно.

Минатиот Октомври 2006 година тргнав за прв пат на планина надвор од Македонија. По неуспешниот обид да добијам виза за Р. Иран и да се обидам да го освојам големиот Дамаванд 5.671м, се упатив на север првата дестинација Р.Словенија.

„Љубљана и словенска чивија за Алпите“

Во Љубљана ме пречека пријател на мој пријател што ќе значи и мој пријател. Гашпер е член на Планинарското друштво „Матица“ едно од најактивните во Словенија. Имав голема чест да се запознаам со луѓето кои навистина значат нешто во светот на планинарството еден од нив кој ми ја измести перцепцијата беше Зоран Радетиќ – професионален планинарски водач, алпинист.
Прво се интересирав за моето планирано oсвојување на Триглав, а Зоки не беше крут со информации. Најважното нешто е временската прогноза, која не беше ветувачка – Петок : сонце, Сабота : сонце, Недела – магла и снег. Пристапот кон врвот Триглав од северната страна преку планинарскиот дом Кредарица не беше препорачлив. Се подготвив за Триглав со убави карти и неколку книги, а посебно разговорите со Гашпер и Зоки. Таа вечер се случи нешто многу интересно. Моите разговори за евентуално освојување во 2007 година под водство на Зоки на Монт Блан и настојчивост да знам се го предизвикаа Зоки да ми предложи нешто неверојатно за мене во тој момент.

„А, што не пробаш нешто попредизвикувачко од Монт Блан уште наредниве денови – доколку имаш време можеме да одиме на Гросглокнер 3.798m во Австрија, дури и нормалната рута се смета како алпинистичка.“

Не требаше повеќе да зборуваме, адреналинот кој почна да го лачи мојот срцев мускул веќе беше на ниво на зависност. Сигурноста која ми ја понуди искуството на Зоки беше еден од клучните фактори да размислувам сериозно да одговорам „ајде тргаме“.

Но пред мене беше прво Триглав 2.864m


Рано утрото на 14 октомври ја напуштив Љубљана и преку Блед стигнав во регионот Поклјука од каде што тргав кон Планинарскиот Дом „Кредарица“ или највисокиот хотел во Европа. Уште на самиот почеток од искачувањето знаев дека ќе биде прекрасно. Доцната есен значеше дека сите моќни бои на природата се пред мене. Тоа што ме изненади во 4,5 часовното искачување е дека имаше делови кои беа навистина тешки. Точно напладне стигнав во домот и се сместив додека го пиев чајот од правецот на северната рута кон Триглав се вратија двајца планинари од Чешка.

„Без крампони/дерези и цепин не е можно качување по оваа страна“

Времето беше убаво за наредниот ден метеролозите најавуваа снег и магла, а токму тој ден требаше јас да тргнам кон врвот. Утрото станав рано, но лошото време ме врати во кревет видливоста беше само 5 метри. Сепак направив нешто неочекувано во 09 часот двајца планинари се подготвуваа да одат кон врвот по северната страна. Проценив дека моите шанси се поголеми во друштво и им се приклучив. Тоа што не го знаев е дека и на Џон и Марија им беше прв пат, дека немаа дерези и цепин, дека јас ќе водам кон врвот итн.итн.

Сепак крајот е прекрасен после 90 минути на прекрасниот Триглав кратко фотографирање, традиционалното камшикување (словенечки обичај секој што прв пат го освојува врвот мора да биде камшикуван на самиот врв по дебелото месо) и враќање назад кон Кредарица. Наредниот ден се симнав од планината и веќе се подготвував за Гросглокнер.

Гросглогнер 3.798m



Зборувавав по телефон со мојот пријател Владо кој во настојување да ми даде повеќе информации ми пренесе не баш мотивирачка информацијата дека некој наш македонец пред неколку години трагично загинал на Гросглокнер откако му се откачил еден од крампоните. Нејсе бев напукан со адреналин и ништо не ми беше психички не кризирав, иако имав мала резерва за мојата физичка подготвност. Точно 7 дена после Триглав со мојот нов пријател од Словенија Зоран бевме во подножјето на најголемиот врв на Австрија, Гросглокнер. Времето не послужи и првиот ден за 3,30 часа качување стигнавме до зимската куќичка во која требаше да преспиеме. Мал алпинистички курс попладнето одевме на блискиот Глечер, топевме снег за да пиеме вода, како се користи Цепин, присуството на Зоран и неговата школа е непроценливо.

Рано во 05ч наредното утро тргаме кон врвот. Веќе на самиот глечер не пречека лошо време замрзна дигиталниот Канон така што бев дополнително нервозен. Самиот Глечер беше да речеме интересно страшен и убав истовремено – огромните пукнатини кои се појавуваа пред нас не беа воопшто убави, а од страв (приказната од Владо) нон-стоп ги затегнував моите крампони.

Три часа се качувавме по Глечерот за да го напуштиме и да започне искаување на карпи- точно дека најлесниот степен 1 според скалилото на тежина, но мене ми беше прв пат. Стигнавме до Јоханес Домот, а јас веќе го надминав мојот личен висински рекорд.

Добро бе Зоки како мислиш ти јас да се симнам сега по овие карпи надолу?

Го прашав Зоки, а тој само ми најави дека карпите допрва доаѓаат. И, така беше над Јоханес Домот тргнавме нагоре и прво следуваше вертикала под агол од 45 степени од мраз која со чудна еуфорична насмевка ја искачив. Дури тогаш повторно се појавија карпи овојпат степен 1 и 2, одев со мислата како ќе се вратам. Како што се искачувавме така и времето беше се полошо.

Стигнавме до Клајне Глокнер 3.770м врв на само 60м надморска разлика со Гросглокнер кој веќе беше убаво видлив и близу што би се рекло со очи да го допираш.
Го погледнав Зоки и му реков мислам дека е доста јас сум задоволен со оваа висина и овој врв. И навистина бев задоволен и се уште сум задоволен има време и уште многу врвови за освојување.


Инаку Триглав и Клајне Глокнер потврдив дека ги освоив дури кога се вратив дома во МАКЕДОНИЈА.